Избор Локални избори 2019 ТОП ВЕСТИ

СДСМ и ДУИ денес ќе го соопштат името на кандидатот за претседател на Македонија

Скопје, 1. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако ВМРО-ДПМНЕ пред повеќе од две недели објави дека професорката Гордана Силјановска Давкова е нивниот адут во претседателската трка, СДСМ и ДУИ, на два дена пред закажаниот партиски конгрес во недела, ќе го соопштат името на нивниот заеднички кандидат за изборите закажани за 21-ви април.

Според последните информации, извесно е дека дуелот најверојатно ќе биде „професорски“, откако наспроти Силјановска Давкова од Правниот факултет во Скопје, најверојатно ќе застане Стево Пендаровски, професор на Американ колеџ во Скопје. Не се исклучува во игра да влезе и друго име од најсериозните кандидати кои се споменуваа периодов наназад: шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и првиот човек на МВР Оливер Спасовски.

Ова е втор заеднички настап на СДСМ и на ДУИ на избори, со оглед на тоа што и во 2017 година двете владејачки партии излегоа со единствени кандидати за градоначалници во општините со мешан етнички состав. Со тоа се остварува идејата за консензуален претседателски кандидат, што Ахмети премиерно ја лансираше пред минатите избори – пред пет години, а која тогаш не беше прифатлива за ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење