Спорт

Годишнина од смртта на Давиде Астори

Фиренца, 4. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува тажна годишнина во светот на фудбалот. Пред само една година, јавноста беше потресена од веста за смртта на Давиде Астори.

Капитенот на Фиорентина почина во сон по срцев удар за време на кампот со тимот пред дуелот со Удинезе часови подоцна.

Астори беше меѓу најомилените фудбалери од соиграчите и ривалите, но почина во момент во кој беше на врвот во својата кариера. Астори беше лидер на „виолетовите“ и честопати беше повикуван во националниот тим на Италија.

Неговата смрт пред година доведе до одложување на сите дуели од Серија „А“ и Серија „Б“, а Фиорентина и неговиот поранешен тим Каљари го повлекоа од употреба дресот со бр.13, со кој Астори играше.

Во текот на викендот, екипите во Италија му оддадоа чест, откако во негов спомен на сите натпревари од Серија „А“ беше исполнет аплауз во 13-тата минута. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење