Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Осум починати лица од сезонски грип минатата недела, едно од Охрид

Скопје/Охрид, 7. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Осум нови смртни случаи поради грип се пријавени во Институтот за јавно здравје во текот на изминатата недела, а јавноста во овој период беше известена само за двајца починати.

– Пет починати лица се од Скопје, а по едно од Делчево, Охрид и од Кавадарци. Петмина од нив починале во ГОБ „8. Септември“, од кои четворица минатата недела и еден случај бил пријавен со задоцнување од претходните недели. Две пријави се од Клиниката за инфективни болести и едно од Клиниката за детски болести. Кај 7 лица е утврдена претходна болест. Само едно е дете на 12-годишна возраст и една помлада жена, на 26-годишна возраст, која имала церебрална парализа, а сите други починати се постари од 60 години. Тие биле болни најчесто и од дијабетес, срцеви заболувања и ХОББ. Кај сите починати е докажан инфлуенца А вирусот, од кои кај 5 лица е потврден А (H1pdm) вирусот на грип, изјави д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот.

Таа појасни дека едно од лицата починало во 7. недела од годинава, а било пријавено со случаите кои се евидентираат до 3-ти март. Досега грипот однесе 11 жртви.

Активноста на вирусот на грип и натаму е висока, а од 100 примероци кои биле испратени на анализа во минатата недела, дури кај 80 отсто бил докажан вирусот од типот А Х1 Н1 (сезонски грип), кај 11 отсто типот Х3Н2, а кај 9 отсто тип А  (несубтипизиран).

– Грипот можно е да изненади со нов бран, вирусот на инфлуенца е подложен на многу надворешни промени во генетската и антигенската структура, додаде д-р Кузмановска.

Oд 25.02 до 03.03.2019 се пријавени нови 2.678 случаи на грип, па сега има вкупно 15.200 заболени во оваа сезона.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Плусинфо фото: Плусинфо