Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридска промоција на книгата „Нашиот пат“ на популарните Јутјубери GP и STEFFONATOR

Охрид, 8. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид ќе се одржи охридската промоција на книгата „Нашиот пат“ на популарните Јутјубери GP и STEFFONATOR.

– Книгата во издание на „Просветно дело“ е резултат на осуммесечна работа и пишување на нашите популарни Јутјубери, а сега и автори, во Македонија. Книгата крие голем број тајни за нив, допира до нивните срца, мисли и желби… A ќе го покаже и вистинскиот пат за и читателите да станат Јутјубери, порачуваат организаторите.

Промоцијата ќе се одржи во просториите на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота во периодот од 12:00 до 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење