Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Тамара ја промовираше Евровизиската „Proud“ (Видео)

Скопје, 8. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Тамара Тодевска вечерва на Македонската Радио Телевизија ја промовираше песната „Proud“, со која ќе не претставува на изборот за песна на Евровизија 2019.

Песната која е комплетно на англиски јазик е дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска, а видео спотот го режираше Чедо Поповски.

– „Горда“ („Proud“) им ја посветувам на мојата ќерка и на сите што насекаде се борат за своите соништа, верувајќи во нивната величина. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една ноќ во годината, ќе му покажеме на светот дека „Јас сум горда!“ е секогаш посилно од „Никогаш нема да бидеш доволно добра, вели Тамара.

Изворот за песна на Евровизија 2019 ќе се одржи во мај во Тел Авив, Израел. МРТ ја избра Тамара како претставник, откако таа веќе еднаш нѐ претставуваше на Евровизија во 2008 година, тогаш заедно со Врчак и Адријан Гаџа. Како придружен вокал беше во 2004 година со Тоше Проески и во 2014 година со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење