ЕКОЛОГИЈА Избор од Уредникот Струга ТОП ВЕСТИ

Како Струга нема друга – запалена трска, трева, дрвја… (Фото/Видео)

Струга, 10. март (ОХРИДПРЕС) – Крајезерска Струга денес се капеше во прекрасното мартовско сонце, но и во чадот од запалената трска.

Читатели на OhridPress испратија до редакцијата видео, на кое јасно се гледаат сцени кои како да се излезени од некој филм. Изгорена трска, трева, дрвја и камиони кои наводно „чистат ѓубре“. Видеото е направено на потегот од Струга кон селото Калишта.

– Време е за сериозна граѓанска акција, затоа што одамна ја поминавме точката од која нема враќање, велат стружани за OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: OhridSOS/ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење