ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Акција на „Чист Охрид“ кај населбата „Бараки“ (Фото)

Охрид, 10. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Неформалната граѓанска иницијатива „Чист Охрид“ денес ја спроведе 31-та акција за чистење, во во паркот кај населбата „Бараки“.

Image may contain: outdoor

– На лице место воочивме дека на целиот простор каде што има детско и игралиште за кошарка нема ниту една канта за ѓубре, а клупите во паркот се искршени. Во близина немаше ни контејнери така што по обидот да ги известиме службите со возила за собирање смет, останува да апелираме до ЈП „Охридски Комуналец“ да го отстрани ѓубрето кое го собравме, во кое имаше и огромно количество стакло. Се надеваме дека во најбрзо време ќе се постават канти за ѓубре, а посетителите на паркот ќе се однесуваат одговорно кон својата околина и нема да го уништуваат паркот, порачуваат активистите.

Image may contain: one or more people, people standing and outdoor

Image may contain: table and indoor

Од „Чист Охрид“, како и секогаш, преку вакви акции се обидуваат да ја разбудат нашата свест за чиста и здрава животна околина. (Крај)

извор: ОхридПрес/Чист Охрид фото: Чист Охрид