Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Тој што во срце те носи“, нов сингл на Ѓоко Танески (Snippet)

Охрид, 10. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најпознатите охридски музичари, Ѓоко Танески се враќа со нов сингл.

Песната која е наречена „Тој што во срце те носи“ е карактеристична поп-рок нумера и продолжување на стилот кој Танески го негува веќе подолг период. Од денеска таа е пуштена во радискиот етер, а наскоро се очекува да добие и видео запис.

Истиот е сниман во Св. Наум и се очекува да биде вистинско надополнување на музичката приказна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Ѓоко Танески

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење