Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

14 години Disco Heaven со DJ Jane на Супер радио

Охрид, 11. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Емисијата „Disco Heaven“ на Супер радио, креирана и водена од познатиот охридски Дј Јане Стефанов (DJ Jane), е вистински знак на препознавање на оваа радио станица, но и репер за сето она што е актуелно и квалитетно во денс музиката и културата денес во светот.

Оваа музичка емисија викендов одбележа 14 години од постоењето. Disco Heaven се емитува секоја сабота од терминот 20:00 до 22:00 часот. Во специјалното роденденско издание, слушателите синоќа имаа можност да се дружат со посебно селектирани дј-ски сетови, кои ги приготви Dj Jane.

– Со мала пауза заедно сме полни 14 години или околу 700 емисии. Вечерва од 20:00 часот на Супер радио бидете со нас и со роденденското издание на Disco Heaven со два сета снимени во 2008 година. Продолжуваме во ист ритам, порача Dj Jane на неговиот профил на Facebook.

Инаку, првото издание на Disco Heaven, емисијата за промовирање на клубската музика и култура се емитуваше во етерот на 8-ми март 2005 година. Емисијата е концепирана за промоција на сингловски, компилациски, албумски изданија, како новитети, потоа најслушана трака за тековната недела, специјалниот дел на guest mix, каде се пушта најнов микс на одредено звучно дј-ско име од светски рамки, дј-ски миксови, ремикси и инфо за случувањата на богатата клубска музичка сцена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење