Избор Македонија

Димитров и Коѕијас ќе слават јубилеј на катедрата за европски студии

Скопје, 11. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров во петок и сабота, на 15-ти и 16-ти март, ќе учествува на Меѓународна научна конференција организирана од атинскиот Универзитет Пиреас, по повод 20-годишнината од постоењето на катедрата за меѓународни и европски студии и во чест на почесниот професор и поранешен шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дводневната конференција на тема „Грчката активна надворешна политика во 21 век”, ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Грција, а ќе има пет тематски дискусии, од кои последната е посветена на регионот.

За Балканот и Југоисточна Европа во сабота напладне ќе дискутираат министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров и поранешните шефови на албанската и бугарската дипломатија, Дитмир Бушати и Даниел Митов.

За време на посетата на грчката престолнина, според информациите на дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи ќе одржи и билатерални средби.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива