Забава Избор

До 2.500 евра казна ако со сандали се качуваат по карпа во НП Чинкве Тере

Џенова, 11. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот национален парк Чинкве Тере, со пет рибарски места на брегот на Лигурија, воведува казни од 50 до 2.500 евра за оние кои носат несоодветни чевли за качување по карпи.

Парично ќе бидат казнети сите туристи кои ќе носат сандали или апостолки.

Управата на Националниот парк Чинкве Тере почна кампања за јавно информирање чија цел е да ги предупреди туристите да не се качуваат по карпите во несоодветна облека.

Кампањата почна откако припадници на службата за спасување се пожалиле дека во последно време од шумските стази спасуваат лошо подготвени и несоодветно облечени посетители.

Секаде во околината ќе бидат поставени постери и летоци на кои ќе биде објавена висината на паричните казни, а на интернет страниците на кои заинтересираните ќе можат да купат карти за посета на пешачките стази, ќе бидат објавени јасни предупредувања. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење