Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за две лица од Охрид кај кои биле пронајдени амфетамини во Струмица

Струмица/Охрид, 11. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти март 2019 година, во 00:30 часот во Полициската станица во Струмица се приведени две лица од Охрид, поради сомнение за сторени кривични дела „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

– Од слобода биле лишени 22-годишните Д.М. и Б.М., двајцата од Охрид, но и 22-годишниот М.К. и една година постариот Д.А. од Кавадарци. Кај нив, при извршениот преглед биле пронајдени и одземени амфетамини и други предмети со остатоци од амфетамин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива