Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ донираа играчки за дечиња од социјално загрозени семејства

Охрид, 11. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците и вработените од Основното училиште „Григор Прличев“ ја поддржаа програмата на охридскиот Црвен крст за промоција на хумани вредности со донирање на играчки.

Image may contain: 7 people, people smiling, people standing and indoor

– Учениците и вработените донираа играчки кои ќе бидат подарени на четири малечки дечиња од социјално загрозено семејство. Акцијата траеше до денес, 11-ти март 2019 година и е продолжение на традицијата на училиштето да помага. Некогаш, она што во нечии очи е малку, за друг е вистинско богатство. Хуманоста е најголемото богатство што секој поединец може да го поседува, порачуваат од ОУ „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење