ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Подготвена Студијата за Оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за проектот „Реконструкција на Кеј Македонија – Охрид“

Охрид, 12. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во склоп на проектната документација за проектот за „Реконструкција на Кеј Македонија – Охрид“, подготвена е Студијата за Оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА) за истиот проект.

– Заинтересираните граѓани, правни и физички лица можат да ја погледнат електронската верзија на Студијата на web страната на општина Охрид, а печатената верзија може да се најде во одделението за заштита и влијание врз животна средина при Секторот за урбанизам и заштита на животната средина. Сите забелешки и сугестии во однос на содржината на ОВЖССА Студијата се добредојдени и истите можете да ги испраќате на e-mail: urbanizam@ohrid.gov.mk или по пошта на следната адреса: општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, Охрид кои ќе бидат анализирани од консултантскиот тим и надлежните служби во Општината. Студијата ќе биде достапна за разгледување и доставување коментари во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување, информираат од општина Охрид.

Комплетната студија ОВДЕ. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење