Избор Локални избори 2019 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Угледот и кредибилитетот на д-р Митре Милошевски гарантираат сигурна победа

Охрид, 12. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори кои ќе се одржат на 21-ви април, на огромно задоволство и со одлука на Извршниот Комитет е д-р Митре Милошевски, информираат од партијата.

– Вчера Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра навистина одлични кандидати за градоначалници на претстојните избори за Охрид и Ново Село. Во делот на Охрид кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е д-р Митре Милошевски, неврохирург, татко на две деца, вработен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, човек кој што го знае цел град подготвен да биде градоначалник на сите граѓани. Навистина, д-р Митре Милошевски е одличен кандидат, го препорачуваме на Охриѓани, охриѓани го препознаваат и во наредните 40-тина дена нема да има врата, нема да има населено место, нема да има населба, село или било која улица во која што нема да појде. Сметаме на победа во Охрид. Изборите во Охрид се навистина важни исто како оние во Ново Село, во Дебар и секаде каде што има избори, и се надевам на навистина одличен резултат. Изминатата една година Охрид целосно и тотално беше заборавен од централната власт. Нема никакви проекти, Охрид стагнира, Охрид се иселува, Охрид исчезнува и затоа на градот, на околните места им е потребен и економски и локален напредок, а тоа нашиот кандидат Митре Милошевски заедно со својот тим, заедно со граѓаните може да го обезбеди, додаваат од партијата.

Д-р Митре Милошевски е роден на 29.10.1963 година во селото Битуше. Специјализација по Неурохирургија завршено на Медицински Факултет во Скопје. Тој е доктор-специјалист во дејноста со која се занимава: Повреди и дегенеративни страдања на ’рбетниот столб и мозок и Повреди и заболувања на ЦНС и краниумот. Вработен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“. Сопруг и татко на две деца. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ