Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за пет лица поради бесправна сеча на огревни дрва во Франгово

Струга, 12. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против пет лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

– На седми овој месец, во атарот на село Франгово, струшко, кај место викано „Гропа“, полициски службеници и вработени од шумска полиција ги затекнале пријавените, 35-годишниот Л.И. од село Франгово, 27-годишниот Ш.А., 51-годишниот П.Б. и 24-годишниот С.Х., сите од Република Албанија, поради при бесправна сеча на дрва. По извршен увид на местото било констатирано дека тие извршиле бесправна сеча на огревни дрва, со што на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“ нанеле материјална штета од 70.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива