Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Универзитетот „Приморска“ од Копер и ФТУ ќе склучат договор за соработка

Охрид, 12. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во посета на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид, денес беа претставници од Универзитетот „Приморска“ со седиште во Копер, Република Словенија, како и Проректорот од Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Кирил Барбареев.

– Делегацијата беше предводена од Ректорот проф. д-р Драган Марушич. На состанокот беа разгледани можностите за склучување на договор за соработка, договор за Еразмус плус програмата за мобилност, како и можностите за заеднички настан на заеднички проекти. На Универзитетот „Приморска“ е Факултетот за туризам – Туристика со кого Факултетот за туризам и угостителство од Охрид има долга традиција на соработка, информираат од ФТУ – Охрид. (Крај)

извор: ФТУ фото: ФТУ

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење