Избор Локални избори 2019 ТОП ВЕСТИ

ОБСЕ/ОДИХР со 279 набљудувачи ќе ги мониторираат претседателските и локалните избори

Скопје/Охрид, 12. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со вкупно 279 набљудувачи, Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги мониторира престојните претседателски избори и изборот на градоначалници во Охрид, Ново Село и Дебар.

На денешната прес-конференција шефот на набљудувачката мисија, Корин Јонкер, нагласи дека главниот тим ќе го сочинуваат 11 експерти со седиште во Скопје и дополнителни 18 долгорочни набљудувачи што ќе започнат со работа од 20-ти март, а ќе бидат поделени во девет тима. Овие тимови ќе ја покриваат целата територија на државата.

Ова 18 мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР на изборите во државата. Како и досега, тие ќе излезат со извештај ден пред изборите со прелиминарен извештај ден по изборите. Конечниот извештај ќе содржи наоди, но и препораки до властите во обласиите во изборен контекст на кои треба да се работи.

Според вобичаената методологија, набљудувачите ќе ја следат регистрацијата на гласачите и кандидатите, активностите на кампањата, изборната администрација, изборната регулатива, како и медиумското покривање на кампањата.

На денот на гласање ќе се следи отворањето на гласачките места, гласањето, броењето на избирачките ливчиња и сумирањето на резултатите. (Крај)

извор: civilmedia.mk фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење