Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Од општина Струга тврдат дека се против каква била злоупотреба на плажите

Струга, 12. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Струга демантираат дека имаат врска со „узурпирањето“ на градските плажи или палењето на трските.

– Напротив, ние како институција не ги подржуваме ваквите дела и ќе направиме сé што е во наша моќ за да ги спречиме истите. Од друга страна, уредувањето и чистењето на плажите се прави во интерес на граѓаните, за почиста и погодна околина за нас и за туристите кои ја посетуваат Струга за време на туристичката сезона. Нашата цел како општина е да помогнеме во развиењето на туризмот во Струга и воедно да создадеме можности за работа за нашите граѓани. Исто така, сметаме дека главната причина за овој хаос и дезорганизација е решавањето на статусот на концесионерите, па затоа од Министерот за транспорт и врски бараме да не дејствува на селективен начин и го покануваме да дојде и да најдеме заедничко решение, за доброто на градот и граѓаните на Струга, информриаат од општина Струга. (Крај)

извор: општина Струга фото: архива