Избор Локални избори 2019 Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре на полноќ завршува проверката на податоците во избирачкиот список, 1.815 охриѓани направиле увид

Охрид, 13. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – До утре на полноќ трае рокот до кога граѓаните можат да извршат проверка на податоците во избирачкиот список, во пресрет на претседателските и вонредните локални избори.

Заклучно со 11-ти март, увид направиле 1.815 охриѓани. За 15 лица донесено е решение за запишување, а за три за бришење од списокот.

Во трка за шеф на државата ќе учествуваат Гордана Силјаноска Давкова, Стево Пендароски и Блерим Река.

На изборот за нов градски татко на Охрид засега како учесници се објавени имињата на Константин Георгиески, како кандидат на СДСМ, Митре Милошески од ВМРО ДПМНЕ и Михаил Трендафилов – Нанче од ГДУ. На овие избори нема да има независен кандидат за градоначалник.

Претседателските и вонредните локални избори ќе се одржат на 21-ви април. Кандидатските листи до ДИК требда да се поднесат до 21-ви март, а изборната кампања почнува на 1-ви април. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива