Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за жител на Велешта кој и` се заканувал на директорката на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга

Струга, 13. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот И.Н. од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „присилба“.

– На 18-ти февруари оваа година, во просториите на општина Струга, пријавениот, упатил закани кон 44-годишната Н.В.Г. од Струга, директор на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, поради одбиено барање за земање на простор под закуп во Центарот за култура, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива