Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Од понеделник започнуваат директните авиолинии Охрид-Малме и Охрид-Милано

Охрид, 13. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, на 18-ти март, ТАВ Македонија зпочнува со директните авиолинии Охрид-Малме, како и на новиот директен лет Охрид-Милано со кои ќе оперира авиокомпанијата WizzAir.

– На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во 11:25 часот треба да слета авионот од Малме, информираат од ТАВ Македонија.

Согласно новиот договор со македонската Влада за финансиска поддршка за евтини авиолинии од 18-ти март започнуваат летовите од Малме, а ќе оперираат два пати неделно во понеделник и петок. За Милано пак летовите почнуваат следниот ден, на 19-ти март и ќе сообраќаат во вторник и сабота. Согласно договорор од јули ќе бидат воспоставени и другите две линии од Охрид до германските градови Меминген и Дортмунд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива