Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за лица од Велешта кои физички нападнале стружанец

Струга, 13. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 39-годишниот С.Н. и 30-годишниот Е.В., двајцата од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“.

– Кривична пријава заработи и 37-годишниот М.Ј. од селото Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање лажен исказ“. На трети овој месец, пред угостителски објект во Струга прво и второпријавениот физички го нападнале 42-годишниот Р.Ч. од Струга, при што му нанеле тешки телесни повреди. Третопријавениот се обидел да го спречи нападот, а подоцна во Полициската станица Струга дал лажен исказ во врска со настанот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива