Избор Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални

Охрид, 13. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални и ја влошуваат состојбата на младите. СДСМ и кандидатот за градоначалник Константин Георгиески наместо знаењето во Охрид да го соберат, тие го растураат, порачаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Дали тоа е животот со кој СДСМ и Георгиески, Охрид навистина ќе го направат пристоен европски град за младите? Ве повикуваме заедно да ги посетиме ветените проекти за младите, најпрво Детскиот културен центар, а потоа и Младинскиот културен центар бидејќи ние не можеме да ги најдеме. Како сте задоволен од реализацијата на проектот младинска гаранција? Оваа Локална власт даде голем број ветувања за младите, но како поминува времето не гледаме дека се остваруваат, па разочарувањата кај младите се оправдани. Ниту еден проект за младите, ниту една позитивна мерка и воопшто не се намалува младинската невработеност.
Младите се разочарани затоа што на вистинските места се погрешни луѓе во Охрид. За СДСМ и Георгиески поважна е партиската книшка или блискоста со партијата одошто знаењето или компетентноста. Никогаш не било полошо, никогаш не било побезнадежно. Младите во Охрид веќе јасно стојат зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ и гледаат единствен спас од оваа бесперспективност, порачаа од партијата на денешната прес конференција. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива