Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Албумот „Going Home“ на Четкар фаворит број еден во најголемите музички продавници во Токио

Токио/Охрид, 14. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – P-Vine, една од најпопуларните јапонски издавачки музички куќи со светско реноме оваа недела го издаде новиот студиски албум на охриѓанецот Владимир Четкар насловен како „Going Home“.

Image may contain: 1 person

– Албумот кој е дистрибуиран насекаде во Јапонија е фаворит број еден во најголемите музички продавници во центарот на Токио (Шинџуку и Шибуја) и е претставен во секцијата на интернационални прекуокеански артисти рамо до рамо со некој од најкомерцијалните музички ѕвезди како Ариана Гранде и Џастин Бибер. Изминативе неколку недели, музиката на Четкар ужива огромно внимание од јапонските медиуми и активна радио поддршка од сите поголеми национални и локални радио станици. Масахару Јошиока, еден од квинтесенцијалните јапонски музички критичари за новиот албум на Четкар изјави дека е „неверојатно ремек делo“, информираат од тимот на Четкар.

Image may contain: 1 person, sitting, shoes and outdoor

Албумот „Going Home“ е комплетно авторско дело на Четкар, каде, како и во предходните два албуми „Heavenly“ и „We Will Never End“  се потпиша како продуцент, композитор, аранжер, оркестратор, гитарист, вокалист и текстописец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива