Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Општина Струга ќе го промовира туризмот преку патеки за вода

Струга, 14. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Струга ќе го промовира туризмот преку патеки за вода во рамките на проектот „Promote tourism and culture through the water“ – ToCulter.

– Настанот ќе се одржи во петок, на 15-ти март, во салата на советот на општина Струга, со почеток во 18:30 часот. Проектот е финансиран од Европската унија од програмата на ИПА компонента 2, меѓугранична соработка со Република Грција, а е во партнерство со општина Струмица и општините Волви, Садики, Серес и Солун од Република Грција, информираат од општина Струга.

Проектот „ToCulter“ има главна цел да создаде заеднички туристички идентитет базиран на патеки за вода, специјализирани според идентитетот на локацијата и преку иновативна платформа и мрежни активности за развивање на промотивни туристички пакети за подобрување на прекуграничниот туристички производ и услуги и да се подобри протокот на туризмот во областа. (Крај)

извор: Општина Струга фото: архива