Избор од Уредникот Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид нема да финансира концерти во шпицот на сезоната

Охрид, 14. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид повеќе нема да финансира концерти во шпицот на сезоната, а ќе се прават напори да се поддржат проекти кои ќе се одржуваат пред и по главната сезона, во насока да се прошири истата.

Во рамките на 25-та седница на Градскиот Совет, советниците денес донесоа едногласна одлука да не се даваат пари од општинска каса за концертите што ќе се одржуваат во шпицот на туристичката сезона, односно во периодот од 15-ти јуни до 15-ти август.

Години наназад неколку приватни продукции добиваа средства во вид на помош за организација на настани од општината, поволни цени или бесплатно изнајмување на простор за одржување на настаните, но и сериозна поддршка од локалните претпријатија.

Неофицијално, општината има комплетна стратегија за конечно решавање на овој проблем, но дали истата ќе стапи на сила ќе се знае откако одлуката ќе биде ставена на гласање пред мнозинството советници, за да може да стапи во сила.

Предлогот до советниците во Општина Охрид официјално го достави в.д градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива