Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Архиерејска литургија по повод Тодорова сабота

Охрид, 15. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – По повод Тодорова сабота утре ќе се одржи Архиерејска литургија во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

Почетокот е во 08:45 часот, а со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј.

В недела во истиот термин, Митрополитот г. Тимотеј ќе чиноначалствува со Архиерејската литургија по повод Неделата на Православието. Литургијата ќе се одржи во црквата „Св. Никола“ – Геракомија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива