Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на улицата „Прва Македонска ударна бригада“

Охрид, 15. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти март оваа година, во 17:15 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид се случила сообракајна незгода помеѓу две возила.

– По незгодата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу 31-годишниот К.В. и 59-годишниот З.В., двајцата од Охрид од една, и 23-годишниот И.Ш. од селото Мешеишта од друга страна. Лицата се приведени во Полициската станица во Охрид и се работи на комплетно расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива