Спорт

Извлечени паровите за четвртфиналето во Лигата на шампионите

Нион, 15. март 2019 (ОХРИДПРЕС)Одредени се паровите за четвртфиналето во најелитното европско натпреварување. Ждрепката во Нион донесе едно дерби од Премиерлигата и една мега пресметка помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед.

Паровите од четвртфиналето во ЛШ:

Ајакс – Јувентус

Ливерпул – Порто

Тотенхем – Манчестер Сити

Манчестер јунајтед – Барселона

Од оваа година, во исто време се утврдуваа и паровите за полуфиналето па победникот од дуелот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити ќе се сретне со подобриот од пресметката помеѓу Ајакс и Јувентус, додека победникот од дуелот помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед ќе вкрсти со подоброт од дуелот помеѓу Ливерпул и Порто.

Парови за полуфинале во ЛШ:

Тотенхем /Манчестер Сити – Ајакс/Јувентус

Барселона/Манчестер јунајтед – Ливерпул/Порто. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива