Локални избори 2019 Охрид ТОП ВЕСТИ

Заврши рокот за проверка на податоците во избирачкиот список, околу 2.000 охриѓани направиле увид

Охрид, 13. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На полноќ заврши рокот до кога граѓаните можеа да извршат проверка на податоците во избирачкиот список, во пресрет на претседателските и вонредните локални избори.

Увид направиле околу 2.000, за 15 лица донесено е решение за запишување, а за три за бришење од списокот.

Во трка за шеф на државата ќе учествуваат Гордана Силјаноска – Давкова, Стево Пендароски и Блерим Река.

На изборот за нов градски татко на Охрид засега како учесници се објавени имињата на Константин Георгиески, како кандидат на СДСМ, Митре Милошески од ВМРО ДПМНЕ и Михаил Трендафилов – Нанче од ГДУ. На овие избори нема да има независни кандидати за градоначалник.

Претседателските и вонредните локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село ќе се одржат на 21-ви април. Кандидатските листи до ДИК треба да се поднесат до 21-ви март, а изборната кампања започнува на 1-ви април. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива