Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Пресуди за „27-ми април“: 18 години за Чавков, Дурловски на слобода

Скопје, 15. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Судијката Добрила Кацарска денеска ја соопшти пресудата за случајот „27-ми април“, според која повеќето обвинети беа прогласени за виновни, и добија високи затворски казни, а само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.

Изречени се следните казни: Митко Чавков-18 години, Душко Лазаров-15 години, Горан Ѓошевски-Леви-15 години, Митко Пешов-15 години, Оливер Поповски-13 години, Мунир Пепиќ-15 години, Абдуљфета Алими-7 години, Оливер Радулов-10 години, Игор Дурловски- ослободителна пресуда, Јане Ченто-15 години, Игор Југ-12 години, Александар Василевски-Нинџа-8 години, Никола Митревски-Кољо-15 години, Младен Додевски-12 години, Горанче Ангеловски-12 години, Влатко Трајковски-15 години и Вилијам Михајловски-14 години.

Според кривичното дело, на обвинетите им се закануваше казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица. (Крај)

извор: Фокус фото: мкд.мк