Локална самоуправа

Уредена дворната површина во охридската касарна

Охрид, 15. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ периодов наназад го средуваа и расчистуваа просторот на поранешната касарна „Генерал Михајло Апостолски“ во Охрид.

– Се уредуваше дворната површина од касарната, пристапните патеки, полигонот и целиот реон со кој касарната граничи. Отстранета е дивата и неуредна вегатација која подолг период се ширела во дворот од касарната. Уредени се крошните од дрвјата , отстранети се сувите гранки и деградирани стебла. Исчистен е полигонот од ниска вегетација и искосена тревната површина. Подигнат е расфрланиот ситен и кабаст отпад во реонот на касарната и делот со кој касарната граничи, а во расчистувањето и подигањето на собраниот отпад ангажирана беше специјална механизација, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ЈП „Охридски Комуналец“ фото: ЈП „Охридски Комуналец“