Избор На кафе со...

Лолески: Sky Corner Hotel станува препознатлив по високите стандарди на квалитет

Охрид, 15. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Неодамна Охрид го доби првиот т.н. RoofTop угостителски објект, целосно застаклен, сместен на врвот на новиот Sky Cornеr Hotel, а еден месец по свеченото отворање импресиите на посетителите се` уште не стивнуваат.

Sky bar-от како концепт е само дополнителна причина гостите во хотелот Sky Corner да се чувствуваат релаксирано. Хотелот е подготвен целосно да одговори и на најприбирливите хедонисти, за уживање во добар пијалок, добар коктел, посебна селекција на врни вина со различно географско потекло, особен акцент е ставен на уникатно мени, подготвено од готвачи со висока репутација, посебен тобако дел, екскулузивна слаткара, козметички салон, масажа и многу други содржини кои стојат на располагање на гостите на Sky Corner.

– Сакавме пред се да создадеме место со ненагласена, интимна атмосфера, да претставиме нов концепт, кој е многу актуелен во светот. Сакаме Sky Corner да биде пријатно место за негување, но и создавање нови пријателства и деловни соработки. Не само поради атрактивната локација и поглед, туку и поради високите стандарди на квалитет, имплементирани во секој аспект од работењето, вели Зоран Лолески.

Овој нов хотел, Лолески вели дека е создаден по „Small luxury hotels“ концептот и е поразличен во понудата по многу нешта. Амбинет со поглед на стариот дел од Охрид и езерото, надополнет со Sky Bar и ресторан со врвно мени кое ќе се менува на секои 4 месеци, а во вечерните часови имперсивно делува последниот технолошки збор во делот со осветлувањето.

Со Лолески во денешното издание на „Radio Corner“ зборувавме за поставените цели и предизвици пред Sky Corner Hotel. Прочитајте повеќе во интервју за Супер радио и OhridPress.

Супер радио: Помина еден месец од свеченото отворање на новиот Sky Corner Bar. Какви се реакциите на посетителите?

Лолески: Според досегашните реакции, гостите се импресионирани од она што го нуди уникатниот Sky Bar на Corner. Добиваме многубројни комплименти, некои велат дека најсилен впечаток врз нив оставил погледот, други се импресионирани од менито, трети од богатата селекција на пијалоци итн. Но сите подеднакво, не забораваат да ни дадат комплимент и за осветлувањето, на што поради уникатната, целосна застакленост на двата ката од објектот, обративме особено внимание.

Супер радио: Од што се раководевте кога го осмислувавте концептот на првиот во Охрид т.н. RoofTop бар Sky Corner?

Лолески: Кога проектот беше во идејна фаза, сакавме пред се да создадеме место со ненагласена интимна атмосфера, да претставиме нов концепт кој што е многу актуелен во светот. Наша крајна цел е Sky Corner да биде место за негување, но и создавање нови пријателства и деловни соработки. Не само поради атрактивната локација и поглед, туку пред се` поради високите стандарди на квалитет, имплементирани во секој аспект од работењето. Задоволни сме што во соработката со врвни архитекти успеавме целосно да ја релизираме нашата замисла во поглед на внатрешното и надворешното уредување на објектот. Во поглед на понудата се раководевме и од тоа да имаме иновативно мени, кое ќе се менува на секои 4 месеци. Менито се подготвува од врвни готвачи, обучени од врвни мајстори во готвењето со Michelin ѕвезди кои претходно работеле и учеле во Скопје и Париз. Стремиме и кон светски многу популарниот Fine dining концепт, кој се` уште е новина во Охрид.

Супер радио: Ваквиот начин на работа порадразбира менување на стандардите во работењето. Треба ефикасно да се одговори на проблемите на вработените, гостите и сопствениците и да се балансира помеѓу овие три страни. Како Ви оди досега?

Лолески: Самата позиција подразбира огромна одговорност, откажување од многу нешта итн, но од друга страна, неописливо е чувството кога ќе успееш да ги реализираш поставените цели. Кога работата е тимска и кога е потребен тој баланс помеѓу трите страни кои ги споменавте, потребно е да се најде функционален механизам за решавање на конфликти. Не постои работа во која секојдневно не произлегуваат проблеми. Ако механизмот на кој им пристапувате и ги решавате проблемите е добар, тогаш потребниот баланс лесно се постигнува.

Image may contain: 3 people, people smiling, people standing

Супер радио: Покрај уникатен ресторан и бар на врвот, на приземјето од хотелот има исто толку уникатна слаткарница. Што ја прави слаткарницата посебна?

Лолески: Искрено, во реализацијата на слаткарата внесовме огромна љубов и внимание. Критериумот квалитет и оригиналност е тоа што слаткарата ја прави посебна. Сакавме тоа што може да се проба тука, да не може да го пробате на ниедно друго место. За да ја реализираме таа цел склучивме соработка со познатиот француски слаткар, Pastry chef Johnatan Gallet. Тој дојде во Охрид и преку едно месечен тренинг, обучи петмина наши вработени. Соработката со него ќе продолжи и во иднина, тој неколку пати годишно ќе доаѓа во Sky Corner за да го ревидира слаткото мени, да воведе новитети и постојано да ги обучува нашите вработени. Слатките не ги прави уникатни единствено рецептурата, туку и тоа што се е направено од состојки од највисока класа, белгиска чоколада, германски путер инт.

Супер радио: Со какви останати содржини располага хотелот Sky Corner, колку соби има и од колкумина вработени е составен тимот кој стои на располагање?

Лолески: Хотелот располага со 17 соби, а нашиот професионален кадар брои скоро 45 вработени. Секој согласно својата позиција во тимот знае и умее да ги препознае потребите на гостите и истите да ги задоволи на брз, ефикасен и љубезен начин. Според систематизцијата на работните места, сите вработени поминаа посебни обуки, преку кои сакавме целосната услуга во секој момент да биде на највисоко ниво. Хотелот располага и со козметички салон и салон за масажа сместени на првиот кат од хотелот.

Супер радио: Пред крај, какви се плановите и очекувањата пред првата за Sky Corner туристичка сезона?

Лолески: Веруваме дека во текот на работењето ќе ги поместиме стандардите и би сакале да сме поттик за уште поголемо и потемелно менување на она што во моментов го нуди Охрид како туристички град. Веруваме во огромниот туристички потенцијал кој во иднина уште помасовно ќе го открива светот. Sky Corner е подготвен во целост да одговори на сите предизвици кои стојат пред нас.

Eмисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес