Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде шест рибарски мрежи со белвица кај Струга

Струга, 16. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти март оваа година, во периодот од 19:30 до 23:30 часот, при вршење патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, во близина на хотел во Струга, околу 600 метри од брегот на езерото, пронашле шест рибарски мрежи долги по околу 50 метри со улов од риба – охридска белвица.

– Исто така, на околу 1.000 метри од брегот на езерото биле пронајдени две рибарски мрежи долги по околу 50 метри, без улов. Риболовниот алат бил подигнат и однесен во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива