Забава Избор

Вотерс од Пинк Флојд повика на бојкот на Евровизија

Лондон, 19. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат.

Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник на движењето за бојкот и санкции против Израел, повика натпреварувачите „да застанат рамо до рамо со Палестинците”.

– Да покажеме солидарност со 189-те невооружени демонстранти кои минатата година беа убиени од израелски снајперисти, меѓу кои и 35 деца, наведува Вотерс, повикувајќи се на податоците од независната Комисија за истрага на Обединетите Нации околу протестите во Појасот Газа – објавени во февруари.

Според тој извештај, 154 од убиените биле невооружени. Израелските власти, односно премиерот Бенјамин Нетанјаху ги отфрлаат ваквите тврдења.

Пејачот-гитарист во јануари, заедно со уште петмина други британски ѕвезди, го повикаа и Би-би-Си да не го пренесува Евросонгот во Тел Авив закажан за во мај. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење