Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец физички нападнал полициски службеник

Охрид, 19. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти март оваа година, околу 18:00 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, при преземање мерки од областа на безбедбноста, полициски службеник бил физички нападнат од страна на 53-годишниот З.Ј. од Охрид.

– Истиот е приведен во Полициската станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење