Забава Избор

Компанија во која работодавачите ве тераат да одите на одмор и да патувате

Австралија, 20. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата Ernst & Young Oceania во Австралија од 1 април на своите вработени им нуди одмор „за живот“ од 6 до 12 недели, една година за патувања и флексибилно работно време, пренесува Business Insider.

Времето кое компанијата го нуди може да се искористи за патување, вршење некоја друга работа или едноставно, одмор со семејството.

Компанијата, исто така, им понуди на вработените со деца да ги искористат распустите и празниците за да ги минат со најблиските или како алтернатива, три месеци да работат половина работно време.

Според компанијата, вработените со повеќе одмор и флексибилно работно време во просек за 11 проценти подобро ги вршат своите задачи.

„Внесуваме иновации во компанијата за да не ги изгубиме луѓето кои имаат обврски или интереси надвор од работата“, вели Кејт Хилман за Independent. (Крај)

извор: Кајгана фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење