Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Шуга во средното училиште „Св. Наум Охридски“, образовните институции го достигнаа дното

Охрид, 20. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Шуга во 2019 година. Родителите и децата вознемирени откако се јави опасност од оваа зараза, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Образовните институции раководени од структурите на СДСМ го достигнаа дното. Во средното училиште „Св. Наум Охридски“ за краток период нов немил настан. Зошто раководството на училиштето не ја информирало Локалната самоуправа за проблемот? Наместо в.д. градоначалникот Константин Георгиески постојано да се фотографира пред училиштето, добро би било да се информира за вистината за состојбите во кое се наоѓа образованието. Што презел директорот на училиштето? Дали се направени систематски прегледи кај другите ученици за да се констатира дека нема присуство и други случаи на заразна болест во училиштето? Со СДСМ на власт родителите не можат да бидат спокојни и сигурни дека нивните деца се безбедни. Дали е ова нормално? Ова е скандал и некој мора да биде казнет за молчењето. Дали и во другите училишта има ист проблем кој се прикрива од надлежните? МОН и Центарот за јавно здравје веднаш да преземат мерки и да ја испитаат ситуацијата во училиштата. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше претходно околу дезинфекција, дератизација и дезинсекција, преку кои би биле создадени оптималните услови за почеток на новата учебна година како и за целосна заштита на учениците. СДСМ и Георгиески ќе си заминат од власт, а Охрид и охриѓани ќе се спасат од епидемиите, порачаа на денешната прес конференција од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива