Економија Избор

Нова сезона на Tamaro Family спортските игри (Фото)

Охрид, 20. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Покрај во развојот на компанијата, продажниот и производствениот процес, охридските „Тамаро“ маркети се профилираа како компанија која води исклучителна грижа за вработените.

Како дел од овој процес, а по супер успешната прва сезона и мега-наградното патување за најдобрите до четири европски земји, кога ги посетија Будимпешта, Дрезден, Прага и Виена, одговорните ја најавуваат втората сезона на Мега-проектот наречен „Tamaro Family“, во рамките на кој се организираат спортски и останати активности за вработените.

Вечерва се одржаа и првите спортски team building игри од втората сезона, во рамките на кои тимовите на „Тамаро“ маркетите се забавуваа и натпреваруваа во пинг понг во IB Fitness Центарот.

Image may contain: 3 people, table and indoor

Натпреварите се одиграа во четири групи:

1. Тамаро 8 – Тамаро 10 (победник екипата на Тамаро 8)
2. АМ Магацин – Тамаро 5 (победник екипата на АМ магацин)
3. Тамаро 7 – Тамаро 1,2,3,4 и Холдинг (победник заедничката екипа на Тамаро 1,2,3,4 и Тамаро Холдинг)
4. Тамаро 6 – Анабела (победник екипата на Анабела)

полуфинале:

1. АМ Магацин – Анабела (победник екипата на Анабела)
2. Тамаро 8 – Тамаро 1,2,3,4 и Холдинг (победник заедничката екипа на Тамаро 1,2,3,4 и Тамаро Холдинг)

финале:

Анабела – Тамаро 1,2,3,4 и Холдинг (победник екипата на Анабела)

Целата вечер беше проследена о одлична забава, игри и дружење во спортски и тимски дух.

Победниците од Анабела порачаа дека се задоволни од победата и едногласно кажаа дека „тимската работа и тимскиот дух се причина за успехот на една компанија, а и за успех на секое семејство, какво што е Тамаро семејството – „Тамаро Family“.

Комплетната галерија ОВДЕ. (Крај)

извор: Тамаро фото: Тамаро

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење