Забава ТОП ВЕСТИ

The Cure го снимија првиот албум по пауза од 10 години

Лондон, 21. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фронтменот на одличните The Cure, Robert Smith потврди дека групата го завршила снимањето на нивниот прв студиски албум по пауза од цели 10 години.

За време на гостувањето во The John Maytham Show, Smith изјави дека тој и понатаму се занимава со музика „поради вистинските причини“ и дека групата ќе експериментира со различни стилови музика.

The Cure претходно беа најавени како едни од главните ѕвезди на Glastonbury Festival оваа година, а се очекува да настапат и на бројни фестивали во Европа како Mad Cool во Мадрид, NOS Alive и Roskilde festival во Данска. (Крај)

извор: The Independent фото: The Independent