ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Акција за чистење на потегот Хидробиолошки завод-Св. Наум

Охрид, 21. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа поголема акција за чистење на расфрлан комунален отпад на потегот од Хидробиолошки Завод до Свети Наум.

Покрај тоа што се расчистуваат површините покрај коловозните ленти од магистралниот пат, се расчистуваат и површините во населените места на овој потег: Рача, Свети Стефан, Лагадин, па сé до Свети Наум.

Големи количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки, најлон кеси се подигнати околу паркинг-просторот кај „Горица 3“, околу дискотеката „Горица 1“ и во населбата „Свети Стефан“.

– За жал повторно на површина испливува еко-некултурата на поединци кои отпадот го расфрлале каде ќе стигнат. Со оваа акција се опфатени и плажите кои не се дадени под концесија на овој потег. Поради обемноста на акцијата, истата ќе трае подолг временски период, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ЈП Охридски Комуналец фото: Охридски Комуналец

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење