Забава Избор

Европски град совршен за пролетна викенд авантура

Копенхаген, 21. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Престолнината на Данска не претставува само нејзин главен и најголем град, односно најпрометно населено место, туку е еден од најпопуларните туристички дестинации во Европа.

Копенхаген се граничи со Шведска преку тунели и мостови, кои преку заливот доаѓаат на источниот брег Зеланде, кој се наоѓа до Малме. На горната страна од мостот има автопат, а долниот дел се брзи пруги, така што поголем дел од патниците од другите градови го користат Копенхаген, бидејќи неговиот аеродром Каструп е најзначаен во Скандинавија.

Овој град може да го посетите секој период во годината, но најубав избор е пролетта поради зелената природа, прекрасниот парк Фемарен и зоолошката градина, исто така е совршен избор за љубителите на архитектурата и богатата историја. Никако, не треба да ги заборавите и златните Дански пива – Туборг и Карлсберг.

Пакувајте ги торбите и букирајте карти за совршена пролетна викенд авантура во најубавиот град за живеење во Европа – Копенхаген. (Крај)

извор: Friday фото: архива