Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

На „Ќафасан“ приведено лице од Албанија барано со потерница од СВР Охрид

Струга, 21. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти март оваа година, во 16:50 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека за 38-годишниот Е.Д. од Република Албанија, била распишана потерница од СВР Охрид.

– Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива