Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради опасност за минувачите се сечат исушени гранки на дрво кај „Мини маркет“

Охрид, 21. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ вчера и денес вршат прекројување на крошната на големото дрво пред „Мини маркет“.

– Се сечат старите и исушени гранки, кои беа оштетени од снежните врнежи и претставуваат потенцијална опасност за минувачите, информираат за Супер радио и OhridPress од претпријатието.

Постапката се спроведува по решение на општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес