ЕКОЛОГИЈА Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

ЕКО активности во ОУ „Ванчо Николески“ (Фото)

Охрид, 21. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Покрај редовната настана, денес во ОУ „Ванчо Николески“, со сите ученици и вработени се реализираа и различни ЕКО активности, како во училиштето, така и во блиската околина.

– Учениците според однапред направен план и во групи ги средуваа училниците, собираа отпад во училишниот двор и блиската околина, садеа садници, а дел од нив фарбаа гуми и ограда, што е дел од проектот „Гумата не гори ја, за украс обои ја“. Во соработка со здружението „Брег на младоста“ и ЕКО патролата од нашето училиште, веќе се реализира проект за подигнување на еколошката свест преку рециклирање на отпадоците. Идејата е да се рециклираат гуми за отпад, од кои ќе бидат изготвени разни украси за во училишниот двор, како жардињери за садници и канти за отпад. На 1-ви април ќе се одржи главниот настан, Еколошка априлијада, кога ќе бидат реализирани и други активности во иста насока, а ќе се додели и признание за најчиста училница од страна на ЕКО Патролата. Нашето училиште континуирано реализира активности и едукации за заштита на животната средина, информираат од ОУ „Ванчо Николески“.

Дел од денешните активности:

Image may contain: 2 people, outdoor

Image may contain: one or more people and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, shoes and outdoor

Image may contain: one or more people, people walking and outdoor

Image may contain: 3 people, people standing, shoes, child and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing and outdoor

извор: ОхридПрес фото: ОУ „Ванчо Николески“

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење