Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поставена кабината на автобуската постојка на „Туристичка“ кај пекарата „Мартина“

Охрид, 22. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поставена кабината на автобуската постојка на булеварот „Туристичка“ кај пекарата „Мартина“.

На почетокот на декември минатата година поради организирање на новиот режим на сообраќај на територија на општина Охрид, автобуската постојка на булевар „Туристичка“ кај зградата „Печијаре“ беше преместена во непосредна близина на пекарата „Мартина“. Но, кабината остана на старата локација, на што се жалеа граѓаните дека под отворено небо, на дожд и снег чекаат градски превоз.

Екипи на ЈП „Нискоградба“ ја дислоцираа кабината на новата локација, па отсега ќе има каде да се засолнат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење