Култура

Предавање во охридската библиотека по повод 150 години од откривањето на Менделеевиот систем

Охрид, 22. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид се приклучуваат во одбележувањето на 150 годишнината од откривањето на Периодниот систем на хемиските елементи од страна на рускиот научник Дмитриј Менделеев.

По тој повод денеска од 12:00 часот во Библиотеката предавање за значењето на таблицата на Менделеев ќе одржи проф. д-р Велимир Стојковски.

УНЕСКО ја прогласи 2019-та за година на Периодниот систем на Менделеев. Одбележувањето на овој јубилеј започна во јануари со голема свеченост в о седиштето на УНЕСКО во Париз, а продолжува во текот на годината ширум светот со различни манифестации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива