Избор Локални избори 2019 Охрид ТОП ВЕСТИ

В понеделник ќе се одржи ждрепката за кандидатите за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село

Охрид/Скопје, 22. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ждрепката за утврдување на редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село ќе се одржи в понеделник, информираат од ДИК.

Официјално пет, сите партиски кандидати ќе учествуваат во трката за првата градска фотелја во Охрид.

– Kандидатски листи поднесоа: д-р Константин Георгиески од СДСМ, д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ, Стевче Стевоски од партијата Демократи и Џемал Мена како кандидат на Движењето БЕСА.

Во општините Дебар и Ново Село има по двајца кандидати за градоначалник.

Вонредните локални избори во трите општини ќе се одржат заедно со претседателските, на 21-ви април. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива