Локална самоуправа

Оштетена дел од урбаната опрема во населбата „Гоце Делчев“

Охрид, 22. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Неодговорни поединци ноќеска оштетија дел од урбаната опрема во населбата „Гоце Делчев“.

Оваа локација беше уредена неодамна, како дел од пролетните активности на ЈП „Градски пазар“. Денес, на истата локација беа затекнати остатоци од оган, шишиња и ѓубре.

Од општина Охрид апелираат до сите граѓани за поодговорно и посовесно користење на урбаната опрема и детско-забавните реквизити.(Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид